Моќен зачин: Популарен хербален лек кој го подобрува расположението и меморијата

unsplash

Иако експертите по алтернативна медицина велат дека рузмаринот може да се користи сам, подобро е да се комбинира со други растенија, затоа што така се подобрува позитивниот ефект.

Познат е по тоа што дава специфичен вкус кога се додава на печен компир, или во комбинација со печено пилешко, но и како зачин со исклучително моќни лековити својства.

Рузмаринот, меѓу другото, го подобрува расположението, меморијата и влијае на здравјето на цревата, па затоа е многу корисно да се вклучи во исхраната.

Порано, бил многу популарен хербален лек што се користел за зајакнување на меморијата. Се спомнува и во делата на Шекспир, кога Офелија му вели на Хамлет – „Еве рузмарин, за сеќавање; моли се за љубов, запомни!“

 

Неодамнешните студии покажуваат дека може да има позитивен ефект врз нивото на расположение и ослободување од стрес. Една студија од 2018 година, спроведена на глувци кои биле изложени на хроничен стрес покажала дека екстрактот од рузмарин имал антидепресивно дејство.

Истражувачите тврдат дека ова растение помага во процесот на управување со воспаленија во хипокампусот на мозокот, како и во цревата.

Се чини дека рузмаринот има позитивен ефект и врз ендоканабиноидниот систем – главниот регулаторен систем на човечкиот организам, кој моментално е предмет на истражувања.

Имено, рузмаринот содржи соединенија кои се врзуваат за канабиноидните рецептори. Иако сè уште не се знае точно како и зошто, се чини дека оваа обврзувачка акција помага да се балансираат бројни процеси во телото и да се ублажи нашата реакција на стрес.

Ако сакате чај, можете да пробате чај со вкус на рузмарин. Но, бидете внимателни, ова растение е многу богато со есенцијални масла, така што вкусот може да биде пресилен.

Есенцијалните масла генерално не треба да се консумираат во големи количини и не е добро да се претерува со мирисот, бидејќи премногу мирис во просторијата може да биде иритирачки.

Можете да најдете и чисти тоници и додатоци на екстракт од рузмарин, но доколку измешате рузмарин со други природни состојки кои имаат балансирачки ефект врз ендоканабиноидниот систем како каранфилче, црн бибер и коноп може да добиете синергетски дејство и чувство на смиреност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот