Моќен старт на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд уште во првото коло од Бундес лигата му упати предупредување на Баерн Минхен дека е подготвена за тешка и неизвесна борба за титулата. „Милионерите“ на стартот од новата сезона го почестија Аугсбург со петарда иако примија гол уште во 30. секунда од натпреварот преку Нидерлехнер.


Брзиот гол ги налути фудбалерите на Борусија и само две минути подоцна Пако Алкасер го израмни резултатот. Во второто полуувреме, „милионерите“ преку Џејдон Санчо, Алкасер, Марко Ројс и Џулијан Брандт постигнаа четири голови и ја остварија најубедливата победа во првото коло.

Баер Леверкузен се намачи со новајлијата во Бундес лигата, Падерборн, но на крајот успеа да победи со 3:2. Одлучувачкиот погодок го постигна Ерик Фоланд во 69 минута.


Резултати:
Баерн – Херта 2:2
Борусија Д.  – Аугсбург 5:1
Баер – Падерборн 3:2
Фрајбург – Мајнц 3:0
Вердер – Фортуна 1:3
Воллфсбург – Келн 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот