Модна лекција од Пенелопе Круз до сите жени: Вака се носи бело од глава до пети (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоЖенаМагазинМода

Модна лекција од Пенелопе Круз до сите жени: Вака се носи бело од глава до пети (ФОТО)

Ова е совршениот начин на кој се носи бело од глава до пети. Дали ви се допаѓа?

Оваа жена е вистинска дива…

Прекрасната шпанска актерка Пенелопе Круз се појави на премиерата на својот нов филм „The Wasp Network“ во модна комбинација која сите ги воодушеви.

Прекрасната Шпанка одбра свилено бело одело, составено од широки пантолони со висок струк и совршено кроено струкирано сако со впечатливи, масивни копчиња со потпис од модната куќа „Ralph&Russo“.

профимедиа

Под пантолоните ѕиркаа бели сандали со висока потпетица, а под сакото, таа понесе бел корсет, кој го истакна нејзиното бујно деколте.

Потполно едноставното, но совршено издание го надополни само со дискретни обетки и еден прстен, а косата ја пушти слободно да паѓа во лежерни, природни бранови.

профимедиа

Ова е совршениот начин на кој се носи бело од глава до пети. Дали ви се допаѓа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close