„Модерна“: Вакцините против рак и срцеви болести ќе бидат готови до 2030 година

вакцинација илустрација
Фото: EPA-EFE

Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека е уверена дека вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави „Гардијан“.

Главниот медицински директор на „Модерна“, д-р Пол Бартон, рече дека верува дека компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години.

Компанијата, која ја произведе вакцината против коронавирусот, сега развива вакцини против рак кои таргетираат различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме персонализирани вакцини против рак, против повеќе различни видови тумори на луѓето ширум светот“, истакнал Бартон.

Тој додал дека повеќе респираторни инфекции може да бидат покриени со една вакцина, што ќе им овозможи на луѓето да бидат заштитени од коронавирусот, грипот и респираторниот синцицијален вирус (РСВ), додека терапии со мРНА може да бидат достапни за ретки болести за кои во моментов не постојат лекови.

Терапиите базирани на мРНА се засноваат на поттикнување на клетките да произведат протеин кој го покренува имунолошкиот одговор против болеста.

„Мислам дека ќе имаме терапии засновани на мРНА за ретки болести кои претходно биле неизлечиви и мислам дека за 10 години ќе се приближиме до светот во кој, всушност, ќе може да ја идентификувате генетската причина за болеста и да се излекува користејќи ја технологијата базирана на мРНА“, најавил Бартон.

Вакцината за рак базирана на мРНА ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки.

Научниците, меѓутоа, предупредуваат дека забрзаниот напредок постигнат во последните три години ќе биде залуден, доколку не се задржи високото ниво на инвестиции.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот