„Моцарт Бет“ со донација од 200.000 денари за ФК Вардар кој се бори за опстанок и егзистенција

фото: facebook.com/MozzartMakedonija

Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, уплати донација од 200.000 денари за скопскиот гигант Вардар кој се бори за опстанок и егзистенција поради големите финансиски проблеми.

Со години Вардар е еден од најпрепознатливите брендови во Македонија, но во изминатиот период е оставен на милост и немилост.

Таквите потези го донесоа славниот клуб кој во „екс-Ју“ лигата рамноправно се натпреваруваше со Партизан, Црвена Звезда, Динамо, Хајдук…, на раб на пропаст, без услови за натпревари и тренинг и во второлигашкото друштво.

Инаку, оваа донација е втора од ваков вид, по онаа во 2021 година, кога Mozzart исто така се приклучи на акцијата на „Комити“ за спас на ФК Вардар и донира 1.000.000 денари.

– Оваа донација треба да биде поттик и за останатите компании да му помогнат на националниот бренд на Македонија. Борбата за Вардар не застанува тука, туку продолжува и понатаму. Да го спасиме Вардар! За Скопје и Македонија, за новите Панчев и Рингов, за новите Дојчиновски и Дончевски, за новите Ќириќ и Бајевски…- пренесуваат од „Моцарт Бет Македонија“.

„Комити“ и Муцунски: Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот