„Комити“ и Муцунски: Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

фото: facebook.com/TimcoMucunski

На иницијатива на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека денеска одржа средба со навивачката група „Комити”, која од неодамна е и сопственик на клубот.

Притоа потенцираше дека на истата се разговарало за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански”.

– ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси – напиша Муцунски во својата објава.

Скопските „црвено-црни“ се обидуваат годинава да се вратат во Првата македонска лига, моментно се третопласирани во второлигашкиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот