МНР: Од Бугарија очекуваме европско однесување, како и целосна почит и признавање на македонскиот јазик
Оттаму наведуваат дека Македонија останува доследна на европските правила на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Се нагласува дека предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците е изработен и на македонски и на англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, „во блиска консултација со Советот на Европа и Европската комисија“.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи со соопштение по реакциите од Бугарија во однос на Акцискиот план за заштита на малцинствата.
Препорачано
Оттаму наведуваат дека Македонија останува доследна на европските правила на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Се нагласува дека предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците е изработен и на македонски и на англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, „во блиска консултација со Советот на Европа и Европската комисија“.
Документот, како што додаваат, содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандради.
„Процесот на изработка на Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2023 година, при што финалната доработка беше интензивирана во последните шест месеци од 2025 година. Во текот на целиот процес беа активно вклучени и редовно консултирани домашни и меѓународни експерти од областа на меѓународното право, човековите права и правата на малцинствата. Од страна на Советот на Европа и Европската комисија беше нагласено дека документот ги опфаќа сите релевантни европски и меѓународни стандарди.
Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија, што не придонесува за градење доверба и добра верба меѓу двете држави. Наместо неаргументирани коментари, од нашиот сосед очекуваме европско однесување, меѓу другото и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик“ се вели во соопштението од македонското МНР.
Македонија, како што се посочува, е „препознаена како позитивен пример на европско ниво во примената на правата на заедниците и така ќе продолжи и во иднина“. „Остануваме цврсто посветени на еднаквоста, инклузијата и ефикасната имплементација на политиките во интерес на сите наши граѓани“ порачуваат од МНР.
Официјална Софија претходно денеска изрази загриженост поради изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој викендот рече дека Акцискиот план бил завршен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но оти Софија го одбила, покажувајќи на тој начин дека проблемите што Бугарија ги има со нашата земја се подлабоки и немаат врска со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ.
Бугарското МНР: Планот за правата на малцинствата беше напишан на англиски јазик, а не на македонски
Сепак, од бугарското МНР беше нагласено дека Планот за правата на заедниците е чекор што треба „да следи по внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, што треба да биде направено и што ќе ѝ овозможи на Македонија да ги отвори преговорите за пристапување“.


