ММФ: Опасен момент во историјата, закана од распаѓање во економски блокови

Фото Архива на СП

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди дека на глобалната економија и се заканува распаѓање во завојувани блокови. Таа во говорот во Брисел, наречен „Обединети против поделениот свет“, изјавила дека светот се наоѓа во опасен историски момент, пишува во соопштението на ММФ, пренесува Танјуг.

„По децении глобална интеграција, постои зголемен ризик светот да се подели на завојувани економски блокови. Ова сценарио ќе биде штетно за сите, вклучително и за населението во Европа“, рече таа.

Опасноста е особено изразена поради фактот што овој период на глобален економски раст е „под историските стандарди“, додаде Георгиева. ММФ прогнозира дека нивото на глобален економски раст во следните пет години ќе биде околу три проценти, предупреди првиот човек на ММФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот