ММФ: Глобалниот банкарски сектор ќе остане под притисок до 2025 година

Банкарскиот индекс KBW, што ги следи цените на акциите на околу 20 банки во САД падна за 39 проценти од почетокот на годината.

Глобалниот банкарски сектор ќе остане под притисок до 2025 година, дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во новиот „Извештај за глобалната финансиска стабилност”, ММФ проценува дека банките во деветте најразвиени економии ќе се измачуваат за генерирање профит во наредните пет години, затоа што пандемијата ќе влијае на пролонгирање на периодот на ниски каматни стапки, пренесува Си-ен-би-си.

Фондот верува дека економскиот пад поради Ковид-19 ќе ги стави на „тест за отпорност на банките” бидејќи тие се соочуваат со загуби од кредити и пониски маржи заради ниските каматни стапки.

„Основните притисоци врз профитабилноста веројатно ќе продолжат на среден и долг рок дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од сегашниот шок”, се вели во извештајот.

Прочитајте и...  Поради скрининг во конфекција, одложено тестирањето во штипската градинка „Астибо“

Банката JPMorgan Chase забележа пад на профитот од 69 проценти во првиот квартал во однос на претходната година.

Банкарскиот индекс KBW, што ги следи цените на акциите на околу 20 банки во САД падна за 39 проценти од почетокот на годината.

Меѓутоа, ММФ во извештајот забележува дека банките се подобро подготвени за овој економски шок благодарение на заштитните слоеви на капиталот воспоставени по финансиската криза во 2008 година.

Едно од решенијата за надминување на проблемот со профитабилноста, креаторите на монетарната политика гледаат во фактот – банките да престанат да исплаќаат дивиденди и да ги купуваат своите акции за да заштедат капитал.

Прочитај повеќе

Манчевски: Доколку не нè погодеше здравствената епидемја ќе го достигневме нивото на просечна плата од 30 илјади денари

Слободен печат

Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД

Слободен печат

Деспотовски: Зголемениот број на заразени се должи на неодговорното однесување на поединци

Слободен печат

Во Италија опаѓа бројот на починати: Денеска 60 жртви од коронавирусот

Слободен печат

СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

Слободен печат

Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир

МИА Агенција

Опаѓа бројот на пациенти кои се на интензивна нега во Франција

Слободен печат

Николовски: Со сопругата сме негативни на ковид-19, давам огромна поддршка за партиските другари

Слободен печат

Последни подготовки на француските угостители пред утрешното повторно отворање на локалите

МИА Агенција

„Од Белград до Софија за 3 часа“ – Вучиќ и Борисов во обиколка на новиот автопат

Слободен печат

Коста Петров: Иако звучи како клише, здравјето е најважно

Слободен печат