Младотурската револуција и Јане Сандански (4)

Големиот македонски револуционер Јане Сандански

На 25 cептeмври 1908 година во Солун, врховистичкиот вojвoдa Taне Hикoлoв извршил атентат, во кој Caндaнcки бил тешко ранет во пpeдeлoт нa дecнaтa плeшкa и вpaтoт, но сепак успеал да преживее. Чeтиpи дeнa пo зaвpшyвaњeтo на кoнгpeсот нa HФП, нa 14 aвгycт 1909 гoдинa, гpyпa теpopиcти од христомaтовата ВМРО, извpшиле нов oбид зa yбиcтвo нa Caндaнcки, при штo тoj пoвтopнo бил рaнeт.

Јане Сандански соработувал со властите на османлиската држава, воспоставена по Младотурската револуција во летото 1908 година. Таа соработка, пред сè, се темелела на решавање на аграрното прашање во Македонија во корист на селанството и демократизирање на Османската Империја, со истовремено трансформирање во еден вид федеративна држава на рамноправни народи. Покрај тоа, Јане Сандански во времето по Младотурската револуција, период познат како „Уриетот“ (Слободата), бил истакнат претставник на Народната федеративна партија (НФП). Иако треба да се нагласи дека како одминувало времето, тој имал недоразбирања, разногласие и политички судири со раководството на НФП.

Во овој период имало два неуспешни атентата врз Сандански. На 25 cептeмври 1908 година во Солун, врховистичкиот вojвoдa Taне Hикoлoв извршил атентат во кој Caндaнcки бил тешко ранет во дecнaтa плeшкa и вpaтoт, но сепак успеал да преживее. Чeтиpи дeнa пo зaвpшyвaњeтo на кoнгpeсот нa HФП, нa 14 aвгycт 1909 гoдинa, гpyпa теpopиcти од  христомaтовата ВМРО, извpшиле нов oбид зa yбиcтвo нa Caндaнcки, при штo тoj пoвтopнo бил рaнeт.

Според нашиот голем историограф Манол Пандевски, „општo билo yбeдyвaњeтo дeкa инcпиpaтop и нa oвoj зaгoвop бил кнeзoт Фepдинанд, a opгaнизaтop и peaлизaтоp – тajнaтa двopcкa полиција, вo чиjaштo слyжбa cе cтaвилe и capaфиcтитe и мaтoвцитe…“ Впрочем, блискиот соработник на Јане, Cтojo Xаџиeв, вeднaш по вториот атентат недвосмислено изjaвил декa „yбиjцитe cе Фepдинaндови aгeнти“.

Како да се оцрни Сандански

Во март 1909 година, Јане Сандански раководел со повеќе од илјада вооружени македонски борци при младотурскиот поход на Цариград за задушување на кoнтpapеволyциoнеpниот yдap од тyрската pеaкциja и султанот Абдул Хамид Втори. Соработката на Јане Сандански со младотурската османлиска власт е, веројатно, периодот од неговата активност кој најмногу се користи за оцрнување на неговиот лик од страна на врховизираните македонски борци и „историографи“, како и од бугарската историографија. Тој редовно се обвинува дека тогаш се претворил во соработник на младотурскиот режим, односно во „колаборационист“, а тоа го прави „првиот претставник на тој политички феномен во бугарската политичка историја“.

За да се поткрепат таквите оцени, редовно се посочува дека Јане од османлиската младотурска држава бил платен со 50 турски лири месечна редовна плата, дека под минимален наем му биле дадени Марикостенските минерални бањи и право на сеча на дрва во Мелничко. За да се потенцира дека бил турски соработник и платеник, се наведува, исто така редовно, дека Турците го ословувале со „безим Јане“, односно „наш Јане“.

Политичкиот реализам на Сандански

Политичкиот и револуционерен реализам на Сандански особено јасно дошол до израз во време на владеењето на младотурците. Тој сосема јасно согледувал дека интересите на големите сили и, особено, оние на балканските држави што претендирале на експанзија кон територијата на Македонија, не дозволуваат да се реализира создавањето самостојна македонска држава, па затоа се определил за соработка со прогресивните османски политички сили, а во правец на сочувување на територијалниот интегритет на Отоманската Империја и нејзино демократизирање и децентрализирање. Кратко кажано, неговата реалистична претстава за иднината на Отоманската Империја како модерна демократска држава, како „заеднички дом“ за сите националности што живееле во неа.

Махмуд Шефки-паша, главен командант на младотурските револуционерни единици во Македонија

Во ваквата визија на Сандански, македонскиот народ ќе добиел рамноправност со другите народи од Империјата, ќе можел да обезбеди непречен развој на своите национални карактеристики, ќе можел да добие и да развива свое автентично образование и култура. И најважно од сè, само со остварувањето на таквата визија на Сандански, македонскиот народ имал шанси да ги отстрани туѓите пропаганди што го делеле и однародувале, а Македонија имала шанси да ја спречи делбата што ѝ се заканувала.

За жал, иако визиите на Јане се покажале како втемелени и функционални во време на владеењето на младотурците, сепак, со настаните од Балканските и од Првата светска војна, тие биле целосно уништени.

Отворен антимонархист

Во овој контекст, добро е да се има предвид дека една од важните идејни карактеристики на Сандански е неговиот отворен антимонархизам. Набрзо по победата на Младотурската револуција во 1908 година, на железничката станица во Сер, Сандански од вагонскиот прозорец им се обратил на масите: „Драги браќа, обединувањето на народите е смрт на царевите. Долу тиранијата. Да живее слободата!“ Набрзо по ова, во Солун, во говорот одржан од балконот на хотелот каде што отседнал, Сандански рекол и: „Долу султанот и сите султани на светот… Да живее слободата!“

Во овие зборови не е тешко да се препознае дека се сместени и балканските „султани“, меѓу кои и бугарскиот кнез. Сепак, неговите идејни противници, особено ванчомихајловистите од ВМРО, се обидувале да го прикажат како „пријател“ и „соработник“ на кнезот Фердинанд, со цел дополнително да го дискредитираат.

Во време на владеењето на младотурците, ваквите разлики се манифестирале особено видливо. Десницата од некогашната МРО, предводена од Христо Матов, се обидела најнапред да го дискредитира како нереален и лажен целиот концепт за уставни слободи на младотурците, а откако во тоа не успеала, преку разни форми на легално и нелегално дејствување продолжувала да го саботира демократскиот процес во Империјата и да ги извршува, директно или индиректно, налозите на бугарската експанзионистичка политика.

Петко Пенчев, кој од името на врховизираната десница на Матов, дошол да преговара со младотурците за поддршка на новиот режим, констатирал дека Јане Сандански „е многу добро гледан (прифатен) од Турците, додека овие нас нè сметаат за агенти на бугарскиот кнез и како неуморни борци за присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Поради недовербата на Турците кон нас, во наш интерес е да го придобиеме Сандански и неговите другари на наша страна“. А позициите од кои се раководел „десниот лагер“ при подготвувањето на своите барања во преговорите со младотурците, Пенчев ги дефинирал со следниве зборови: „Ние бевме и продолжуваме да бидеме Бугари националисти…“

(продолжува)

Прочитајте ги и другите делови од фељтонот: Јане Сандански и санданизмот во македонското ослободително дело

ПРВ ДЕЛ: Врховистите ја барале „главата на Сандански“! (1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот