Младите од Еквалис: „Секојдневието на работничките е неуморна борба за основни човекови права и родова еднаквост“

По повод 1ви Мај, Денот на работничките права, утрово, младите од Еквалис спроведоа јавна акција пред Министерство за труд и социјална политика. За време на акцијата, 4 волонтерки-активистки од Еквалис читаа 7 приказни од жени-работнички коишто зборуваат за условите во коишто работничките се принудени да работат секој ден.

29 април 2021, Скопје, / Фото: Еквалис

Седумте приказни се преземени од делото на уметницата Кристина Божурска, „15 хорор приказни од работнички“. Приказните беа прочитани во слободен превод кон Македонски, Албански и Ромски јазик.

29 април 2021, Скопје, / Фото: Еквалис

Како што велат од Еквалис, оваа јавна акција е со цел да ги потсети релевантните субјекти дека состојбата со работничките права е критична и дека, дополнително на тоа, родовите аспекти се важен фактор којшто мора да се земе предвид при спроведувањето на законите и задоволувањето на правата на работничките и работниците во државата.

29 април 2021, Скопје, / Фото: Еквалис

Асоцијацијата за едукативен развој Еквалис најаува дека во текот на мај, ќе спроведе повеќе јавни акции коишто имаат ќе за цел да ја кренат јавната свест и да ги потсетат релевантните институции за сериозноста на одредени општествени проблеми важни за младите во државата.

29 април 2021, Скопје, / Фото: Еквалис
29 април 2021, Скопје, / Фото: Еквалис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот