Младите кошаркари обезбедија опстанок во елитата

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години брзо го заборави катастрофалниот пораз од Русија во осминафиналето и се врати на победничките патеки на Европското првенство кое се одржува во Удине, Италија.

Младите кошаркари со 76:64 ги совладаа врсниците од БиХ и ќе играат за пласман од 9. до 12 позиција, но што е поважно, обезбедија место во елитната дивизија, со оглед на тоа дека последните три репрезентации се селат во понизок ранг.

Избраниците на селекторот Дервишевиќ беа подобри во голем дел од првата четвртина,но во финишот дојде до мало опуштање со кое противникот направи серија од 0:6 ја реши првата четвртина во своја корист со 19:20. Израмнето беше и во втората четвртина (14:14) по што Босанците на полувреме ја задржаа минималната предност.

Младите кошаркари фуриозно го започнаа второто полувреме, потполно доминираа во третата четвртина која ја решија во своја корист со 30:14 и воедно ја обезбедија победата. Во последните 10 минути, рутински ја одржуваа предноста за на крајот да триумфираат со конечни 76:64.

Андреј Митревски уште еднаш беше најдобар на теренот со 25 поени, Мемед постигна 15, додека Наков имаше скор од 10 поени и 8 скокови. Иден противник на избраниците на селекторот Дервишевиќ ќе биде селекцијата на Словенија која денеска ја совлада Германија со 72:65.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот