Младиот шахист Емил Ристевски е сензационален победник на „Трофеј Белград“

Младиот 16-годишен шахист и актуелен младински шампоион на Македонија, Емил Ристески, триумфираше на силниот меѓународен турнир   „Трофеј на Белград“.

Талентираниот македонски шахист освои 7.5 поени од девет партии и триумфира пред домашните претставници Рајквиќ и Дамјановиќ.
Покрај победата на силниот турнир на кој играа повеќе од 50 шахисти меѓу кои имаше и велемајстори, Ристевски го освои потребниот број на поени за да ја добие титулата ФИДЕ мајстор, односно има рејтинг поголем од 2.300 поени.

Ристевски настапот на „Трофеј Белград“ го започна со две победи во првите две кола, против Анѓелковиќ и велемајсторот Милан Вукиќ. Во третото коло загуби од Дамјановиќ, но потоа оствари четири победи по ред и тоа против Полексиќ, Ивановиќ, Цветков и Потпара. Во претпоследното коло ремизираше против Рајковиќ, а триумфот на турнирот го обезбеди со победата во последното коло над Јана Жапова.

На „Трофеј Белград“ настапи уште еден македонски шахист, 13-годишниот Антон Златков, кој на крајот се пласираше на 28 место со 4,5 поени од 9 партии, но освои 16 нови рејтинг поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот