Младинската кошаркарска репрезентација се подготвува за Европското првенство дивизија „Б“

фото: kfsm.mk

Селекторот Никола Василев ги собра во СРЦ „Кале“ кандидатите за настап на Европското првенство дивизија „Б“ кое ова лето ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 јули.

Нема време за одмор за нашите најдобри млади кошаркари, играчи родени 2003 година и помлади. Василев го одреди поширокиот список на кандидати, ги собра на едно место, во салата на СРЦ „Кале“, каде и официјално стартуваа подготовките за она што следува во наредниот период.

Согласно со плановите на стручниот штаб, во кој освен селекторот, се и Нино Чачиќ и Миодраг Тодоровиќ, како асистенти, и Тони Богдановски, кој ќе се грижи за физичката подготовка на оваа наша селекција, во изминатите два дена кандидатите за место на ЕП ги минаа задолжителните лекарски прегледи.

И во следните денови ќе почнат со воведниот дел од подготовките преку кои стручниот тим ќе се определи за најдобрите 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на шампионатот кој ќе го организира нашата федерација.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Амар Хот – Феникс 2010
Марин Петков – Феникс 2010
Андреј Митревски – Феникс 2010
Карло Блажевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Филип Пандев – МЗТ Скопје Уни Банка

Виктор Стојковски – МЗТ Скопје Уни Банка
Димитар Иванов – Навико Академија ФМП
Никола Василевски – Навико Академија ФМП
Лука Димитриевски – Куманово 2009
Милош Јовановиќ – Куманово 2009

Андреј Шошкиќ – Работнички
Петар Бошалески – Работнички
Филип Наков – Водно Санс
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Настовски – Чаир 2030

Ненад Јовановиќ – Росето Баскет, Италија
Резарт Мемед – Сигал Приштина, Косово
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот