Фото: илустрација / Pixnio / CC0

Млади кавадарчани украле општинска клупа, им ја нашле натоварена во кола

Двајца жители на Кавадарци, на возраст од 23 и 26 години, вчеравечер се уапсени откако некој ги пријавил дека украле јавна клупа поставена на тротоар од улица во градот, соопшти МВР.

„На 03.01.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа“, велат од полицијата.

Двајцата млади крадци се приведени во полициска станица и ќе им биде поднесена кривична пријава, а клупата е вратена на место, додаваат од МВР.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот