Млади албански државјани фатени на Ќафасан, сакале да си одат дома со 232 белвици во багажникот

Фото: МВР

Двајца млади државјани на Албанија биле уапсени на граничниот премин „Ќафасан“, откако полицијата во нивниот автомобил пронашла големо количество риба белвица, соопшти МВР.

Фото: МВР

„Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Република Албанија. При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија“, се вели во полициското соопштение.

Фото: МВР

Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот