Младеновски: Со двоцифрена победа над Естонија шансите за пласман на ЕП се зголемуваат

Кошаркарот на Работнички, Љубомир Младеновски е еден од оние играчи кои се наоѓаат на списокот на селекторот Александар Тодоров, а се наоѓа во  натпреварувачки ритам.

Тој заедно со Работнички освен што има настапи во првата лига, изминатиот период имаше и силни натпревари во АБА 2 лигата каде тимот од Градски парк оствари по две победи и два порази.

– Конечно по помало одложување во домашната првенство, почнавме пред две и пол недели со мојот клуб, Работнички во АБА 2 лигата, каде се играше по еден турнирски систем. Би се рекло, се собраа доста натпревари за кратко време. Завршивме пред неколку дена. Имавме и неколку дена да се одмориме, да се опоравиме. Сега ни е прв собир со репрезентацијата. Малку е тешка ситуацијата поради вирусот, со оние тестирања, со заболени, моменти во кои не се знае ништо, ни кој ќе патува, во кој состав ќе бидеме во Талин. Овие неколку дена ќе тренираме тука, во Скопје. Во понеделник патуваме за Естонија. Позитивно е тоа што ќе бидеме неколку дена порано во Талин. И се надевам дека ќе имаме доволно време да се воиграме со новиот Американец и со Војдан. И со нив заедно во тимот да одиме на двоцифрена победа против Естонија – вели Младеновски.

Прочитајте и...  Борусија Дортмунд конечно открива колку изнесува откупната клаузула за Халанд

Македонската репрезентација во „меурот“ во Талин од 28. до 30. ноември ќе игра против селекциите на Италија и Естонија во квалификациите за ЕП 2022 година.

– За Естонија знам повеќе, затоа што веќе игравме еден натпревар дома. Немаат некоја висока екипа, и играат доста брза кошарка. Тоа во овој момент можеби и ќе ни одговара, затоа што имаме дефицит на високите позиции. За средбата со Италија, немам некои детални информации. Знам дека резултатот им е во ‘втор план’. Дека играат со подмладен состав и дека покрај тоа, исто така биле квалитетни. Иако првиот натпревар ни е со Италија, лично мислам дека нашиот фокус треба да го поставиме на втората средба, со Естонија. За да се сконцентрираме на него, и да победиме со двоцифрена предност, и за да ни остават ‘живи’ шансите за пласман на Европското првенство- додава Младеновски .

Прочитајте и...  Кире Лазаров се подготвува за тренерска кариера: Најмногу учам од Пасквал и Червар

И тој и останатите негови репрезентативни соиграчи утринава го поминаа она второ тестирање од коронавирусот реализирано во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, со надеж дека во понеделник наутро, од шест часот, со сите расположиви сили во овој момент, ќе тргнат кон главниот град на Естонија.

Поврзани вести

АБА Лига: Црвена звезда го доби неизвесното вечно дерби со Партизан

Слободен печат

Саутемптон ја испушти победата против Вулверхемптон

Слободен печат

Лејкерси имаат пеколен план, идното лето доаѓа Јанис

Слободен печат

ВИДЕО: Сите одбрани на Митревски со кои ги излуде ракометарите на Спортинг

Слободен печат

Гвардиола ја означи првата мета во преодниот рок, и не е Меси

Слободен печат

Двојаковски нов кошаркар на Академија ФМП

Слободен печат

Остави Коментар