Младеновски му донесе четврти триумф на Работнички во АБА2 Лигата

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на Работнички ја остварија првата победа на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата, а севкупно четврти откако со 67:66 славеа над Хелиос.
Вистински јунак на Работнички е Љубомир Младеновски кој имаше дабл-дабл од 20 поени и 14 скокови, а притоа ги постигна и победничките поени.
Одлична партија одигра и Филип Бундовиќ беше веднаш зад него со 21 поен.
Натпреварот помина во израмнета игра но и во периоди кои и двете екипи имаа свои моменти.
Одличната игра во втората четвртина, на тимот од Градски Парк му донесе предност од седум поени (31:38) со кои се замина на одмор.

Третата четвртина помина во обидите на Хелиос да фати резултатски приклучок, за последната четвртина да помине во рововска битка на двете екипи во која на крајот подобро се снајдоа кошаркарите на Работнички и иако десеткувани успеаја да слават благодарение на Младеновски кој ги постигна последните четири поени за центарци.

Сепак, иако Работнички победи, нема шанси за обезбедување место кое носи во плеј офот и во последното коло против Слобода Ужице ќе се обиде да го избегне разигрувањето за плејаут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот