Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Млада штипјанка се полакомила на банкомат

21-годишна девојка од Штип ќе одговара откако затекнала активна сесија од претходен корисник на банкомат во градот и украла 11.000 денари од неговата сметка, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Р.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 06.03.2026, пријавената, без согласност и дозвола на едно лице, неовластено навлегла во банкарскиот систем преку банкомат додека се уште била активна сесијата од бесконтактната најава со банкарската картичка и извршила трансакција, при што се стекнала со противправна имотна корист од 11.000 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Измамник од Прилеп е уапсен на „Табановце“, зел 88.000 евра од сопруг на болна жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот