Млад скопјанец пронајден мртов во фирма на булеварот „Србија“

фото: aрхива

Телото на 23-годишен скопјанец било пронајдено вчера во просториите на фирма на булеварот „Србија“, соопшти МВР.

„На 20.12.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во фирма на бул.„Србија” бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор“, се вели во полициското соопштение.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот