Митови и факти | Мизрахи: Бугарија потпиша договор за депортацијата на Евреите од Македонија
Сите оправдувања на бугарската страна во врска со депортацијата на Евреите од Македонија, Грција и Србија паѓаат во вода, бидејќи бугарската влада потпишала договор за интернација со возови на еврејското население со нацистичка Германија, тврди Рахамин Мизрахи во поткастот Митови и факти.
Препорачано
Мизрахи е соговорникот на водителот Срѓан Ивановиќ во третата епизода на Митови и факти, кој покрај тоа што е адвокат, тој е и поранешен претседавач на УО на Еврејската заедница во Македонија, како и истражувач на холокаустотот од Аушвиц институтот за мир и реконсилијација. Тој дава едно ново светло на поморот на Евреите, но и на Словените и Ромите во германските логори на смртта за Втората светска војна.
Мизрахи објаснува и дека „финалното решение“ на нацистите за еврејската популација во Европа, има своја длабока генеза во историјата.
– Холокаустот не започна 41-ва и 33-та тоа е многу стара работа. Тоа е уште од старите цивилизации со уништувањето на првиот и вториот храм итн. Меѓутоа мислам кулминира и се врамува во периодот на Втората светска војна, односно пред Втората светска војна. И тука доаѓаме до идеја да разговараме за конгеренцијата во Ванзе, којашто е одржана на 20.01. 1942, а која ја предводи директорот на Канцеларијата за безбедност, Рајнхард Хајнрих – вели тој.
Целиот разговор ќе може да го проследите на Јутјуб кналот на Слободен печат, со почеток од 20 часот.


