Митевска и Јанев со победничките пехари на меѓународниот тениски турнир „Поинтер опен“
Македонските тенисери Сара Митевска и Кристијан Јанев триумфираа на турнирот Ј30 Скопје – Поинтер опен 2026 (за тенисери и тенисерки до 18 години). Двајцата ги освоија победничките пехари на турнирот што изминатава недела се играше на терените на ТК Поинтер Тенис Парк.
Препорачано
Митевска на убедлив начин стигна до триумфот и сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови и на петте меча загуби 22 гема. Во финалето успеа да ја совлада втората носителка Нор Кулеманс од Белгија со 2-0 во сетови (63 и 62).
Во првото коло на тенисерката од Грција Јоана Менцелоу и препушти два гема (61 61), а во второто коло ја победи Ива Колев од Србија со 6:3 и 6:2 (идентично како во финалето). Марија Чалкова од Бугарија освои седум гема (63 64) во четвртфиналето, додека во полуфиналето ја победи Есенија Бејлокова со 6:2 и 6:1.
Кристијан Јанев во финалето оствари победа од 2-1 во сетови против вториот носител Богдан Мандиќ од Јужна Африка. Јанев поведе добивајќи го првиот сет со 7:5 во гемови, а вториот му припадна на ривалот со 6:4. Во решавачкиот сет беше 6:2 за Јанев.
Македонскиот тенисер на патот до финалето најтежок противник имаше во првото коло кога Никола Ивасковиќ од Србија го победи со 2-0 (75 и 76 (3)). Во второто коло беше поуспешен од Бенџамин Смит од Германија со 6:3 и 6:2 во сетови, додека во четвртфиналето го совлада Алберт Иван од Романија со 6:2 и 6:1. За пласман во финалето Јанев, го совлада Марин Абаџиев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 и 60).


