Мит или вистина: Колку двојници има Путин?

Пропагандата е составен дел на секоја војна, вклучително и актуелната во Украина. Двете страни објавуваат вести кои често немаат ништо заедничко со вистината. Ова е и логично, бидејќи вистината е првата што страда во војна.

Во тој контекст деновиве преку социјалните мрежи секој потег на рускиот претседател Владимир Путин често е предмет на анализа на западните медиуми. Уште од почетокот на инвазијата на Украина се пишуваше дека Путин е наводно тешко болен, а се споменуваше и дека користи двојници, дублери или како и да се нарекува. Колку е ова вистина, тешко може да се осознае доколку се има во предвид дека напредокот на технологијата, лажните вести, алатката „дипфејк“ која се појави како најголем предизвик во борбата против ширењето на дезинформации на социјалните мрежи се се повеќе присутни во интернет сферата. Иако навидум изгледа како интересна апликација, нејзината злоупотреба често служи за нарушување на нечив имиџ а многу од светските медиуми тврдат дека и овој пат била употребена откако рускиот претседател Путин се најде во фокусот на светските медиуми откако тој неодамна го посети окупираниот украински град Мариупол.

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, окупираниот украински град што Путин го посети, на Телеграм напиша дека „Путин или еден од неговите двојници“ бил во ноќна посета на окупираниот регион – а не самиот Путин.

Слични шпекулации стигнаа и од руска страна. За ова прашање зборуваше рускиот екстремист Игор Гиркин Стрелков.

„Кога ќе го видам наводниот Путин во толпата, веднаш знам дека го гледам двојникот, а никој не знае што зборува тој, веројатно зборува глупости“, рече Гиркин.

Корисниците на Твитер анализираат дека двојникот на Путин отишол во Украина, фокусирајќи се и споредувајќи го обликот на неговото уво и брадата со фотографиите од 2006 и 2018 година.

Која е најголема мистерија за Путин?

Шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Буданов, минатата година за британски Дејли Меил изјави дека рускиот претседател Владимир Путин користи свои двојници кои биле подложени на пластична операција. Буданов во интервју за „Дејли мејл“ рече дека украинската влада е многу збунета од постојаните воени грешки на Русија за време на инвазијата и затоа многу луѓе се прашуваат дали Путин сè уште ги носи клучните одлуки.

Колку и да е лош, Путин не беше идиот“. Рускиот план не следи никаква логика. Големото прашање е дали вистинскиот Путин сè уште постои“, рече шефот на украинската разузнавачка служба, тврдејќи дека неговите луѓе откриле двојници кои се користеле за замена на Путин во посебни прилики.

Засега не е познат точниот број на двојници што ги користел рускиот претседател. Според украинските медиуми, овие податоци се внимателно скриени и претставуваат државна тајна. Освен тоа, тешко дека целиот Кремљ знае за двојниците на Путин. Вакви информации имаат само доверливи луѓе околу Путин. Но, во медиумите се почесто се споменува бројката од три двојници.

Колку дублери го глумат рускиот претседател?

Буданов, кој е и генерал, вели дека употребата на дублери сега е вообичаена практика.

„Знаеме конкретно за три лица кои постојано се појавуваат, но не знаеме точно колку ги има. „Сите направија пластична операција за да изгледаат исто“, вели разузнавачот.

Буданов смета дека промените се неизбежни во Москва и дека смената на Путин е во интерес на „целиот цивилизиран свет“. Руските државни медиуми го поврзуваат Буданов со тајни операции на Крим, бидејќи тој е поранешен оперативец на специјалните сили, кој подоцна беше назначен за шеф на военото разузнавање.

 

Буданов и претходно изјави дека Путин користи двојки. Тој за „Њузвик“ изјави дека Путин користел двојници за време на јавните настапи за да ги скрие здравствените проблеми. Тој, исто така, откри информации дека путинските гајлеџии се различни едни од други. Тој нагласува дека има специјалисти на украинската разузнавачка служба кои се обучуваат за оваа тема.

„Сликата, на пример, ушите се различни. И тоа е како отпечаток од прст, сликата на увото на секој човек е единствена. Не може да се повтори“, објаснува Буданов.

Тој исто така тврди дека двојниците на Путин имаат различни навики, манири, одење, па дури и дека се различни висини.

Кои лидери низ историјата имале двојници?

Ова прашање е исто така тешко да се одговори. Како што пишуваат украинските медиуми, изгледите биле внимателно одбрани за никој никогаш да не сфати дека се работи за лажна личност. Сепак светските медиуми на оваа тема анализираат дека рускиот претседател Путин не е единствениот светски лидер за кој се пишува дека има дублери. Во 2008 година, еден човек по име Феликс Дадаев јавно изјави дека е еден од четирите ликови на советскиот лидер Јосиф Сталин. Според некои извештаи, советскиот лидер бил убеден дека неговиот живот е во опасност, а по Втората светска војна мислел дека го ловат германски агенти. Имаше и приказни дека Адолф Хитлер користел различни мажи како негови двојници неколку пати пред и за време на Втората светска војна.

Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и неговиот дублер/ ФОТО, Извор, Twitter

Од она последно свежо сеќавање за истиот ваков сличен феномен, медиумите пишуваа и во 2003 година. Имено германските медиуми за време на војната на Блискиот Исток и паѓањето на режимот на Садам Хусеин тврдеа дека поранешниот ирачки претседател честопати бил заменуван од дублери на телевизиските појавувања. Овие анализи биле базирани на софистицирани техники, кои имале можност да детектираат разлики во позицијата на гестикулацијата на неговото лице. Дублерот или двојник-мамката, има улога за претставување како некој друг, со цел одвлекување на вниманието или преземање ризик за лицето што го претставува но и праќање пораки до јавноста кои можеби во тој момент се невистинити.

Како да препознаете „дипфејк“, лажни фотографии и дезинформации

Откривање „дипфејк“ видеа и лажни фотографии и препознавање дезинформации за масовна посетеност на настани постојат и онлајн ресурси за медиумска писменост. Секоја информација ѝ значи на публиката бидејќи најчесто според неа го градат сопствениот став и ги преземаат следните чекори. Но, фактот дека живееме во ера кога вештачката интелигенција се употребува за создавање убедливи фотографии, аудио и видеоизмами, а медиумите често се и алатка за манипулација на публиката. Лажните информации, фотографии и видеа имаат за цел да продадат, убедат, збунат, но пред сѐ да излажат. Се користат за наметнување мислење кај јавноста, заземање страна или предизвикување страв и паника.

Оттука, видео ресурсите за подобрување на медиумска писменост можат да се проверат и на една од страниците на РАНД, онлајн алатка на која можете едноставно со вметнување на линк од видеото, веста или информацијата да проверите дали станува збор за дезинформација, лажно видео или невистинита содржина. Онлајн ресурсите за медиумска писменост се повеќе се етаблираат во светската јавност се со цел да се подобри медиумска писменост на глобално ниво.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот