Мистериозниот воз на Ким Џонг-ун: Секогаш се вози со девици и јаде со сребрени стапчиња

Profimedia

Низ историјата многупати досега се покажало дека диктаторите ги сакаат своите возови и ги користат како омилено превозно средство кога патуваат на подолги дестинации. Хитлер го имал својот воз „Америка“, кој бил опремен со многу оружје, а пак Мусолини и Сталин секогаш инсистирале да се возат во луксузни вагони кога требало да одат на некое подалечно патување.

И севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун има свој зелен воз, кој минатата недела беше забележан во градот одморалиште Вонсан, откако Ким исчезна од очите на јавноста, по што се проширија гласини дека има проблеми со здравјето.

Profimedia

Опремен со луксузен мебел

Токму поради многубројните шпекулации околу здравствената состојба на севернокорејскиот лидер што се појавија во изминатиов период, а потоа и гласините дека лидерот престојува во својот воз, јавноста се заинтересира каков е возот и зошто севернокорејскиот лидер толку многу сака да патува со него.

Имено, познатиот зелен воз има околу 20 вагони, во кои се сместени бела конференциска сала, кожени софи, канцеларија опремена со сателитска телевизија, луксузна кујна како и трпезарија во која се шпекулира дека Ким јаде исклучиво со сребрени стапчиња.

profimedia

„Бригада на задоволствата“

Свежите јастози, најдобрите вина внимателно селектирани како и атрактивните „кондуктерки“ што се познати и како „бригада на задоволствата“ мора задолжително да бидат присутни на секое патување на Ким.

Се шпекулира дека, иако севернокорејскиот лидер е оженет со шест години помладата Ри Сол-ју, сепак ја продолжил практиката на својот татко, а тоа е секогаш во возот да ја има „бригадата на задоволствата“.

Profimedia

Станува збор за млади девојки, кои пред да почнат да работат во возот, подложени се на строги лекарски контроли, кои ја утврдуваат целосната здравствена состојба ставајќи посебен акцент на тоа дали се девици.

Доколку девојката не е девица, не може да работи за Ким.

За својата работа девојките во возот земаат по 1.400 евра месечно, што за земји како Северна Кореја е многу висока плата.

Пие многу шампањ и сака швајцарски сирења

Некои од омилените пијалаци на Ким вклучуваат шампањ „кристал“ и коњак „хенеси“, а тој е љубител и на швајцарски сирења. Се зборува дека „се заразил“ со оваа љубов за време на школувањето во Швајцарија, каде што се претставувал како дете на вработен во амбасадата.
Неговиот оклопен „мерцедес“ е секогаш натоварен на возот. За разлика од татко му, Ким не се плаши од авиони, кои често ги користи. Тој бил дури и снимен зад контролната табла на неговиот приватен авион.

Ким го користел приватниот воз за да патува во Русија, Кина и во Виетнам. Додека патува, нема други возови на шините и само мал број офицери имаат информации за неговите движења. Уште два воза полни со чувари одат пред и зад него, а хеликоптер се грижи за безбедноста на возот. Понекогаш движењето на возот е само покритие за вистинската локација на Ким, што прави непријателите да мислат дека е внатре, иако не е така.

Рускиот службеник Константин Пуликовски еднаш патувал со Ким Џонг-ил и раскажува дека можел да избира меѓу руска, кинеска, корејска, јапонска и француска кујна, во време кога земјата се бори со глад. Свежи јастози ги чекале на станицата, чија цена во тоа време била огромна, пренесува „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот