Мистериозна смрт на млад пар: Отишле на одмор во Фиџи и ненадејно загинале

Фото: Фејсбук

Млад пар од Тексас заминале на одмор во Фиџи, а потоа како што пренесуваат американските медиуми, ненадејно починале, а причината за нивната смрт засега е енигма.

Дејвид и Мишел Пoл се разболеле по пристигнувањето на тропскиот остров во јужниот Пацифик, помеѓу 22 и 25 мај.

Причините за нивната ненадејна смрт се уште се истражуваат, а нивните најблиски велат дека двајцата биле во добра здравствена состојба пред да заминат на одморот, зад себе  оставиле двегодишен син, пишува „Дејли мејл“.

Американските власти ја потврдија смртта на двојката и изразија сочувство до нивното семејство.

Државното обвинителство ја следи истрагата на локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот