Мистериозна смрт: Како починале Никола Тесла и првата сопруга на Алберт Ајнштајн?

Никола Тесла, Милева и Алберт Ајнштајн
Никола Тесла и парот Милева и Алберт Ајнштајн / Фото: Profimedia

Ви откриваме како починал најпознатиот српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, Никола Тесла, како и позната српска физичарка и математичарка Милева Мариќ, првата жена на Алберт Ајнштајн, еден од најгенијалните умови на XX век.

Никола Тесла

Смртта на познатиот научник ја открила една чистачка откако тој три дена не ѝ се јавувал од хотелската соба во која живеел, хранејќи гулаби и усовршувајќи ги своите идеи во главата – машини, оружја какви што постојат денес… Починал за време на Втората светска војна, во Америка, која се сомневала во него сè до неговата смрт, и сметала дека е Австро – унгарец, а подоцна и руски шпион.

По неговата смрт, ЦИА и ФБИ влегле во хотелската соба, по што бил издаден медицински извештај дека славниот научник починал од срцев удар, на 87-годишна возраст, а смртта настанала на 8 јануари 1943 година, во хотелската соба бр. 3327, во хотелот „Њујоркер“. Официјално е забележано дека тој починал од срцева тромбоза на 7 јануари 1943 година во 22.30 часот. Сепак, причината за неговата смрт никогаш не е разјаснета во целост.

Никола Тесла / Фото: NIKOLA TESLA MUSEUM / Sciencephoto / Profimedia

Милева Мариќ Ајнштајн

Постојат тврдења дека Милева придонела за раните трудови на Алберт, но степенот на нејзиното учество во откритијата не е познат, па затоа е предмет на разни расправи.

Откако Алберт поднел барање за развод од Милева во 1916 година, неа ја погодила тешка болест. Блиски пријатели тврделе дека барањето за развод е причина за нејзиното нагло губење на здравјето. По две години, таа се согласила да се разведе од него, а тој за возврат ветил дека ќе ѝ даде пари од Нобеловата награда ако евентуално ја добие.

Милева во животот наишла на многу проблеми, нејзината сестра Зорка доживеала нервен слом, нејзината мајка починала, а набргу потоа и нејзината сестра, а на нејзиниот син Едуард му било дијагностицирана шизофренија.

По еден од насилните напади на Едуард во 1948 година, Милева се онесвестила и била пренесена во болница. Таа таму и починала, три месеци подоцна, на 4 август 1948 година, под неразјаснети околности. Дури и самите лекари не можеле да ја утврдат причината за смртта. Нејзините најблиски пријатели сметале дека срцето ѝ пукнало од тага. Милева била погребана на гробиштата Нордхајм во Цирих.

Милева Мариќ Ајнштајн
Милева Мариќ / Фото: akg-images / Profimedia

Животна приказна на Алберт Ајнштајн: Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а учителот тврдел дека од него ништо нема да биде!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот