Животна приказна на Алберт Ајнштајн: Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а учителот тврдел дека од него ништо нема да биде!

profimedia

Наспроти светската слава и професионален успех, приватниот живот и бракот со Милева Мариќ, тргнал во друга насока, нивните односи се заладуваат и парот ќе се разведе во 1914 година. Во тоа време Ајнштајн веќе одржува паралелна врска со својата роднина Елизабета, со која подоцна, во 1919, ќе се ожени.

Често се случува генијот да не биде веднаш препознаен. Иако стана најголем теоретичар по физика и синоним за научник на сите нас, таткото на атомската бомба Алберт Ајнштајн како мал во училиште прилично се мачел. Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а во училиште неговиот учител тврдел дека од него ништо нема да биде.

Ајнштајн е роден во Улм, на 14 март 1879, во еврејско семејство кое имало приватна фабрика за електроматеријал. Во училиште не бил многу дружељубив, се чувствувал исфрустрирано и му пречело тоа што бил еден од малкутемина еврејски деца во католичкото училиште.

Науката, меѓутоа, станала многу рана негова љубов. По сопствени сеќавања, кога имал пет години, татко му му покажал компас и тој се воодушевувал на тоа дека стрелката постојано покажува кон север и во тој миг, како што подоцна се сеќава, почувствувал како зад сè е нешто скриено.

Од прилика во исто време кога тргнал во училиште, Ајнштајн почнал да свири и виолина, која станала и останала негова доживотна љубов. Не толку талентиран, но подоцна многу посветен на математичката структура на музиката, страсно се посветувал на свирење на виолина до крајот на животот, а свирел и клавир.

Во 1895. Ајнштајн се обидел да го избегне средното училиште со полагање на приемен испит за Политехничка академија во Цирих, но паднал на уметничкиот дел, додека по физика и математика покажал извонредно знаење. Не е примен, и семејството го испраќа во Ара на школување, за подоцна сепак да успее да се запише на академијата во Цирих каде дипломирал во 1900. година.

Трите клучни теории одеднаш

Во тоа време ја запознава математичарката со српско потекло, Милева Мариќ, со која се венчава во 1903 Ајнштајн со неа има ќерка за која малку се знае и два сина. Кога му се родил синот Ханс во 1905, предал три труда истовремено во германското списание Анали на физиката. Сите три труда се објавени истовремено. Еден од нив е прочуената теорија за релативноста, а другиот труд се занимавал со проблемот на квантот и фотоелектричниот ефект. Ајнштајн сметал дека овој труд е многу револуционерен, додека физичарите на почетокот се двоумеле дали да ја прифатат неговата теорија.Токму тој труд, а не теоријата за релативност, многу години подоцна, во 1921, ќе му ја донесе Нобеловата награда за физика.

profimedia

Во последниот труд од 1905, го претставил тоа што ќе стане познато како посебна теорија на релативноста. Многу обемен, тој труд кој личел повеќе на есеј отколку на научна работа, Ајнштајн го напишал за само неколку недели а физичарите денес го сметаат исто толку револуционерен колку и принципите на Њутн.

Од тој период и таа теорија произлегува и прочуената Ајнштајнова формула E=mc2. Оваа навидум скромна формула била основа за развој на атомската, а подоцна и нуклеарната физика, и довела до развој на атомската бомба.

Од 1909 година Ајнштајн станува редовен професор на универзитет, а потоа следуваат други престижни признанија и академски ангажмани. За цело тоа време ја продолжил работата на својата теорија за гравитација.

Брачен пресврт

Наспроти светската слава и професионален успех, приватниот живот и бракот со Милева Мариќ, тргнал во друга насока, нивните односи се заладуваат и парот ќе се разведе во 1914 година. Во тоа време Ајнштајн веќе одржува паралелна врска со својата роднина Елизабета, со која подоцна, во 1919, ќе се ожени.

Постои податок дека по повод разводот од Милева, Ајнштајн однапред се откажал од парите од Нобеловата награда во нејзина полза, кои ќе ги добие неколку години подоцна. Милева Мариќ овој развод тешко го поднесува и долго се заздравува од нервниот слом. Умира во Цирих, во 1948.

Односот на Ајнштајн кон неа и децата, намерно неспомнување на жената која за времето на неговите најголеми откритија тврдеше дека е рамна на него, ги подгреваат контроверзните тврдења дека Милева Мариќ е всушност многу позначајна за теоријата на релативизмот отколку што тоа се знае.

Нацистичка кампања против „еврејската физика“

Потврдата за општата теорија на релативизмот ќе го прослави Ајнштајн во целиот свет. Почесни награди ќе го чекаат во секој град кој ќе го посети. Отпатувал и во САД, каде што во Принстон е поставен за професор по математика и физика. Година подоцна, нацистите доаѓаат на власт во Германија, веднаш носат нови закони и почнуваат кампања против „еврејската наука“, и посебно против „еврејската физика“ на Ајнштајн. Имотот во Германија му е конфискуван, а нему одземено германското државјанство. Кога станало јасно дека Хитлер од Германија направил воена сила за освојување на светот, Ајнштајн кој од мали денови е против војската и осведочен пацифист, почнува да мисли дека Германците ќе направат атомска бомба, оружје за кое токму тој самиот се чувствувал одговорен заради својата прочуена теорија.

Се смета дека писмото кое Ајнштајн го испратил до Френклин Рузвелт, станало повод за настанувањето на Проектот Менхетн кој води до креирање на првата атомска бомба. Дури во 1944., на аукција го продал својот оригинален труд од 1905, и заработката од тоа, тогаш неверојатни 6 милиони долари, ги подарил на сојузниците за борба против Германците.

Одбил да биде претседател на Израел

Го поддржувал отворено ционизмот, активно учествувал во основање на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, но кога во 1952. му било понудено да стане претседател на тукушто основаната држава Израел, одбил тврдејќи дека не е компетентен. По војната, Ајнштајн се занимава со сите прашања кои го допираат, а до крај на животот се залага за нуклеарно разоружување и за светска влада. Велел: „Јас не знам како ќе изгледа третата светска војна но знам дека во четвртата ќе се војува со камења, лак и стрела.“.

Ден пред да умре, потпишал документ во кој бара од сите држави да го отфрлат нуклеарното оружје.

Умрел од срцев удар на 18 април 1955. година. Освен што е прогласен за една од највлијателните личности на својот век, Ајнштајн стана и препознатлива икона на поп културата, колку заради карактерот толку и заради специфичната фризура која стана симбол на ексцентричност. Неговиот лик многу се употребува(ше) и во рекламните кампањи, па оттука дојде и до заштита на марката Алберт Ајнштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот