ФОТО | Истражувањето покажа: Малку познатиот грчки остров e најевтината дестинација за летен одмор во Европа

Фото: Egmontaz. CC BY 3.0 / Wikimedia Commons / Egmontaz

Помалку познат грчки остров, кој нуди сè што еден турист може да посака за совршено бегство, е прогласен за најевтина дестинација во Европа врз основа на анализата на аранжманите за летување.

Можеби не е толку познат како другите грчки острови како Родос, Миконос или Санторини, но овој помалку познат остров нуди недопрени, бели песочни плажи, кристално море, шарени села и таверни во кои се служи разновидна раскошна грчка храна.

Според новото истражување на британскиот портал „Кои“ (Which?) кој анализираше повеќе од 4.500 пакет одмори за првата недела од август, тоа исто така е островот каде патниците можат да ги пронајдат најдобрите понуди за најевтиниот одмор на островот Калимнос.

Калимнос е среден остров на Додеканезите по големина. Најблиските значајни острови се Лерос, на само 2 километри на север и Кос на југ, оддалечен 12 километри. Островот е планински и карпест. Островот е долг околу 15 километри во сите правци. Калимнос има бројни мали заливи со скриени плажи.

Фото: Wikimedia Commons

Студијата открила дека просечната цена за седум ноќевања е 927 евра по лице.

„Малиот остров е Грција онакава каква што вие ја замислувате – со пусти заливи, сафирно море, карпести планини и шармантни градови. Патниците обично одат на попопуларниот соседен остров Кос, пред да тргнат со брод до Калимнос – патување кое трае само 40 минути и е вклучено во цената на вашиот аранжман“, напишале истражувачите од порталот „Кои?“.

Фото: Trip & Travel Blog / Flickr

Традиционално евтините дестинации како Бугарија и Турција не се најдоа на списокот на порталот „Кои“ (Which?), а нивниот тим објасни дека тоа може да се должи на видот пакети кои сè уште се достапни, пренесува „Грикрепортер“.

– Во моментов, на брегот на Амалфи, на пример, има широк избор на сместувачки капацитети само за соби, за самостоен престој и ноќевање со појадок кои сè уште се достапни за резервирање (наместо поскапите пакети со полн пансион), што значи дека цените се пониски. Постојат и многу поевтини летови во регионот. Меѓутоа, туристите сепак треба да ги земат предвид трошоците за храна и активностите при изборот на својата следна дестинација – објасниле тие.

Фото: Wikimedia Commons

Топ најевтини дестинации според истражувањето:

Калимнос, Грција
Тасос, Грција
Лефкада, Грција
Коста Брава, Шпанија
Венецијанската ривиера, Италија
Брегот Амалфи, Италија
Скопелос, Грција
Коста ле ла Луз, Шпанија
Малта

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот