Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра: Се водат многу дебати за тоа која е жената од сликата

Фото: Printskrin / Tviter / NY times

„Портретот на госпоѓица Лизер“, кој го насликал австрискиот сликар Густав Климт и не го довршил, бидејќи починал, вчера е продаден на аукција во Виена, за 30 милиони евра.

Климт не го завршил своето дело бидејќи починал. Само една година пред неговата смрт во 1918 година, богатиот еврејски индустријалец Адолф Лизер го нарачал овој портрет од сликарот, пренесува Би-би-си.

Се воделе бројни дебати за тоа која е, всушност, жената на сликата и што се случило со сликата во текот на нацистичката ера, па преовладуваат мислењата и претпоставките дека жената од портретот е една од ќерките на Адолф или неговиот брат Јустус Лизер.

Долго време се мислело дека ова дело е изгубено, а всушност, со децинии било изложено во една приватна вила во близина на Винеа, пренесува Ројтерс.

Аукциската куќа „Им Кински“ во јануари годинава го изложи „Портретот на госпоѓица Лизер“ со проценета вредност од 30 до 50 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот