ФОТО | Се огласи Раста по операцијата: Српскиот рапер покажа како се опоравува

Стефан Ѓуриќ Раста / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше итно хоспитализиран поради неподносливи болки, а денеска откри дека оди на операција.

Раста се сомневал дека има проблем со дискус хернија, но се покажало дека сè е посериозно отколку што изгледа, пишува српски „Телеграф“.

„Се работи за кичмата, проблем со кичмата. Не можел да застане на нозе, веднаш бил хоспитализиран во придружба на неговата девојка. Направени се итни анализи и прегледи, по што советот на лекари одлучил дека операцијата е неопходна“, изјавил изворот за „Телеграф.рс“.

Денешната операција на раперот поминала добро и тој моментално се опоравува по зафатот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Раста одлучи и преку социјалната мрежа Инстаграм да се огласи со кратка порака:

„Фала му на Бога, на сите вас, а особено на д-р Марко. Операцијата заврши“, напиша раперот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Тој покажа и како го поминува времето во болница. Како што можеме да видиме од објавите, раперот моментално одмара со популарниот квиз „Слагалица“, а собата во која престојува е приватна, само за него.

ФОТО | Итно хоспитализиран Стефан Ѓуриќ – Раста: Српскиот рапер се огласи од болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот