Поранешното момче на британската принцеза пронајдено мртво во Мајами: Toa на крајот го чинеше живот!

Паоло Луицо / принцезата Беатрис со сегашниот сопруг / Foto: John Chapple _ Shutterstock Editorial / Profimedia / Profimeida / Instagram

Паоло Лиуцо, поранешниот партнер на британската принцеза Беатрис, внука на кралицата Елизабета Втора, на 43-годишна возраст е пронајден мртов од, како што се сомневаат, предозирање во хотелска соба во Мајами, пишува британски „Сан“.

Ќерката на британскиот принц Ендру била во врска со „плејбојот“ Паоло во 2005 година, кога таа имала 17, а тој 24, а раскинале една година подоцна.

– Истрагата покажува дека смртта е предизвикана од предозирање, но сè уште е отворена. Истрагата е во тек – рекол полицаецот Мајкл Вега од полициската управа во Мајами.

Британскиот таблоид тврди дека принцезата е скршена од оваа вест, но таа сè уште не се огласила по повод немилата ситуација.

Неговото однесување, уште од врската со принцезата, било доста проблематично, за што биле свесни и принцот Ендру и Сара Фергусон – родителите на принцезата Беатрис, кои ја охрабрувале нивната врска од самиот почеток.

Лиуцо имал проблеми со коцкањето и дрогата, а наводно имал и бројни долгови.

– Паоло не беше воопшто добро. На почетокот користеше разни лекови, што подоцна го доведе до кокаин и потешки дроги. Живееше многу брз начин на живот и се плашевме дека тоа ќе го чини на крајот – рекол негов пријател за „Сан“.

Поради поседување кокаин и бројни други прекршоци како неплаќање сметки во ресторани и сместувања во кои престојувал, австралиската полиција го обвини за измама, противзаконска употреба на моторно возило, поседување два грама кокаин и пребрзо возење, поради кои бил уапсен во 2009 година, кога со изнајмено црно ауди од 90.000 долари се забил во семафор.

Во далечната 2002 година, пред неговата врска со Беатрис, Лиуцо бил обвинет за убиство на колега студент, 19-годишниот Џонатан Р. Дачателие кој починал од последици од тепачка што се случила во мај 2002 година, а во која учествувал Луицо. Обвинението подоцна било намалено, односно сведено на напад, а Лиуцо отслужил казна без затвор.

– Сите ние имаме свое патување низ животот и мораме да научиме некои работи на свој начин, но Беатрис е разумна девојка, наскоро ќе наполни 18 години и има многу пријатели, меѓу кои и Паоло – изјавила нејзината мајка во периодот кога нивната врска била уште на самиот почеток.

Подоцна признал и дека ја изневерувал Беатрис во текот на нивната врска, а го посрамотил целото кралско семејство кога признал дека пушел марихуана додека бил во друштво на поранешната девојка и нејзината мајка и сестра, на одмор на Јамајка.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот