epa08420255 Croatia Airlines aircraft are landing coming from Frankfurt, Germany to Zagreb's airport, Croatian, 13 May 2020. Croatia prepares to come back to normal life and tourism between cities of the European Union amid the coronavirus pandemic. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Мистерија на летот Франкфурт – Загреб: Каде исчезнаа 41 патник од авионот на кој имало заразени?

Според Индекс. хр меѓу заразените се и двајца пилоти од летот Франкфурт – Загреб на 2. мај.

На летот на Кроација Ерлајнс кој пристигна во Загреб од Франкфурт на 2. мај имало 14 лица позитивни на коронавирус.

– Вкупно на наведениот лет имало 115 лица, од кои 10 ја напуштиле Хрватска“, рече докторката Звјездана Ловриќ Макариќ, која како епидемиолог била задолжена за тој лет, пренесува Јутарњи лист.

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Цапак вели дека дошло до недоразбирање.

– Еден колега работел група од 74 патници, а тоа е групата од која сите досега заболеа. Другиот колега работел на група од 41 лице од која засега нема позитивни, рече Ципак.

Хрватски Индекс.хр наведува дека испратиле прашање до Кроација Ерлајнс за бројот на патници.

Новинарите од тој портал дознале дека, меѓу заразените се и двајца пилоти од летот Франкфурт – Загреб на 2. мај, додека останатите членови од кабинската посада кои биле во директен контакт со патниците се негативни.

За првиот позитивен на коронавирус од летот се дозна на 5. мај. Беше тоа прв позитивен работник од фабриката „Ѓуро Ѓаковиќ“ кој се вратил од Шведска заедно со колегите. После него, позитивен наод добија уште шест негови колеги и двајца од Пожешко – славонската жупанија кои биле на летот.

Објавено е дека меѓу позитивните има уште четири лица, патници од подрачјето на Сисак (1), Задар (1) и Пула (2).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот