Мишел Обама ги предводеше говорниците на виртуелната конвенција на демократите во Милвоки

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Упатен беше и повик за широка пресметка со расизмот и полициската бруталност по протестите што избувнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, кој почина за време на апсењето.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, сенаторот Берни Сандерс и истакнатиот републиканец Џон Касиќ ги здружија силите за заедничка поддршка на демократскиот кандидат за американски претседател, Џо Бајден, на првата, воведна, вечер од конвенцијата на Демократската партија.

На конвенцијата, што се одржува во Милвоки, беше претставена широката коалиција против претседателот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции.

На четиридневната виртуелна конвенција, на која и официјално ќе се номинира демократскиот противкандидат на претседателот Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ги предводеше серијата говорници кои повикаа Бајден да биде избран за претседател.

-Како одговор на невидениот сет на кризи со кои се соочуваме, потребен ни е невиден одговор – движење, како никогаш досега, на луѓе кои се подготвени да застанат и да се борат за демократијата – рече Берни Сандерс.

Конвенцијата, исто така, вклучi i дискусија со гласачите од целата земја, кои ја опишаа нивната борба против вирусот и справувањето со економскиот пад.

Упатен беше и повик за широка пресметка со расизмот и полициската бруталност по протестите што избувнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, кој почина за време на апсењето.

Говорејќи од Хјустон, братот на Флојд им оддаде почит на сите жртви на полициско насилство.

-На нас е да ја продолжиме борбата за правда. Нашите активности ќе бидат нивно наследство – рече тој.

Бајден, кој беше потпретседател во мандатот на американскиот претседател Барак Обама, денеска и официјално ќе биде номиниран за демократски кандидат за претседател на изборите на 3 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот