Мируваат мрежите, Македонија игра со фудбалер помалку, црвен картон доби Тодороски

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По првото полувреме нема голови (0:0) на натпреварот од последното шесто коло во Лигата на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“.

Вечерва во главниот град е присутен дождот кој секако им ја отежнува играта на двете селекции.

Видовме рамноправен почеток во првите 10 минути од средбата на нашиот најголем стадион, навивачите ја даваа потребната поддршка за избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Големи проблеми започнаа од 14 минута кога црвен картон во нашите редови доби Тодороски кој поради груб прекршок со висока нога на коленото на противничкиот играч мораше предвреме да замине кон соблекувалните.

Со тоа се променија и плановите кај селекторот, следуваше поголем посед на топката за Бугарите кои не создадоа ниту една сериозна шанса, туку само повеќе ја имаа топката во нивните нозе.

Беше доста тензично на теренот, со прекршоци на двете страни, а првата убава можност да реализираме гол ја имавме во 25 минута кога М. Ристовски шутираше од околу 20 метри, но одбрани бугарскиот голман Наумов.

Во 22 минута поради црвениот картон Милевски мораше да менува, па така Трајковски ја напушти играта, а на негово место влезе Ашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот