Фото: РФМ

Миркуловски: Мило ми е што со ракометен спектакл ќе се прослави роденденот на Спортско радио

Спортското радио 90.3 ФМ слави 20 години постоење, и тој повод ќе се организира ракометен спектакл во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“.

Овој настан е закажан за в среда (29 октомври) со почеток од 19.00 часот, Легендите на сцена, Македонија против Европа.

Публиката ќе има уникатна можност повторно да ги види на дело најголемите македонски ракометни имиња – Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков и многу други, како и врвни ѕвезди од регионот и Европа.

Влезници за овој спектакл има онлајн на следниот линк ТУКА, во билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија.

На денешната прес-конференција по овој спектакл говореа славниот тренер Лино Червар, поранешната легенда и двократен европски шампион со Вардар, Данил Шишкарев, како и нашите поранешни репрезентативци, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

– Среќен сум што сум тука во Скопје со пријателите, луѓе кои го сакаат ракомет. Луѓе кои се заслужни за мојата кариера, секој на свој начин, што ми помогнаа. Спортот е единственото нешто може само да ги собере луѓето, да се учат децата по пример на тимскиот дух, тоа е важно, како и грижа уште повеќе и среќа за другите луѓе. Се гледаме на спектаклот – вели Червар.

– Огромна чест е да се биде тука, да бидам на теренот на „Јане Сандански“, и тоа е огромно задоволство. Повторно гледав натпревар од првенството во Скопје, се разбудија спомени кога ја видов пак салата и самата атмосфера, се наежив. Со големо задоволство се вратив во Скопје и драго ми е што ќе бидам дел од спектаклот в среда со луѓе кои поминавме убави денови на терените – се зборовите на Шишкарев.

– Да им го честитам роденденот на Спортско радио 90.3 фм, 20 години не е мала работа. Мило ми е што се решија за еден ракометен натпревар да го прослават овој роденден, тоа докажува дека ракометот е спорт 1 во Македонија. Чест и задоволство е да се биде тука со ракометни имиња, играчи, легенди, тренери. В среда можам да ветам многу забава, за квалитетот на натпреварот не многу, да беше пред пет-шест години, да, но ќе видиме. Ветуваме забава, и сите заедно да се дружиме да го прославиме роденденот на Спортско радио – вели Миркуловски.

– Честитки, роденден 20 години на Спортско радио 90.3, не е мала работа. Ќе ми биде чест да го делам теренот со играчи, поранешни ракометари, се надевам со забава, заедно ќе направиме спектакл – кажа Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот