Мирко Ивановски промовиран во Динамо Букурешт

Ивановски по седум години се враќа во романското првенство/фото: фејсбук/FC DINAMO BUCURESTI

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски по пауза од седум години повторно се враќа во романскиот фудбал, тој денеска беше промовиран како ново засилување на Динамо Букурешт кој има дури 18 титули во домашниот шампионат.

Ивановски од 2012 до 2014 година настапуваше за екипите на Астра и на Клуж, а сега во Динамо Букурешт доаѓа од редовите на унгарскиот тим Диосѓор.

– Не го заборавив романскиот јазик иако пред седум години си заминав од оваа држава. Искрено можам да кажам дека многу, многу сум среќен што потпишав за Динамо, кој е еден од најголемите клубови во Романија, гигант не само во романски, туку и во европски рамки, клуб со огромен број на навивачи. Дојдов тука за помогнам, и можам да ветам дека ќе давам 100 проценти на секој тренинг, на секој натпревар – изјави Ивановски на промоцијата.

Ивановски кариерата ја започна во Пелистер, а потоа играше за Македонија ЃП, Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук Сплит и Диосѓор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот