Миовски домаќин на финскиот ХЈК, Ставрев суди натпревар во Конференциската лига

фото: EPA-EFE/Bjorn Larsson Rosvall

Денеска продолжуваат возбудувањата во фудбалската Конференциска лига со натпреварите од второто коло во групната фаза, Абердин од 21.00 часот на домашен терен ќе игра против ХЈК.

Се очекува и на овој меч од првата минута за шкотскиот тим да игра македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски.

На спротивната страна во составот на финската екипа не е нашиот голман Дејан Илиев кој се опоравува од повредата.

Во групата „Г“ моментно по три бодови имаат ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт, а ниту еден ХЈК и Абердин.

Во рамките од групата „Б“, исландскиот Бреидаблик кој ја елиминираше Струга во плеј-офот, ќе игра против Зорја Луганск од Украина.

Овој дуел од 18.45 часот во Рејкјавик помеѓу Бреидаблик и Зорја Луганск ќе го судат арбитри од Македонија предводени од Александар Ставрев, помошници се Дејан Костадинов и Кушрим Лика, а четврти судија е Игор Стојчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот