Министерството за здравство нема пари да им ги покачи платите на здравствените работници
Барањата на независниот синдикат на здравствени работници за покачување на платите не може да биде реализирано поради можностите и буџетот кои не дозволуваат ново покачување на платите, велат од Министерството за здравство откако Синдикатот вчера побара покачувања.
Препорачано
Овој синдикат најави дека во четврток здравствените работници ќе организираат предупредувачки протест на вработените во сите здравствени институции за време на паузата и тој ќе трае половина час, од 10 и 30 до 11 часот.
Барањата се да се зголемат платите за 30 проценти за сите здравствени работници и на административно техничкиот персонал, ревидирање на Колективниот договор, зголемување на додатокот за инфекција од 1 на 4 проценти, трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, како и бенифициран стаж.
Од Министерството за здравство рекоа дека годинава двапати им ги покачиле платите на здравствените работници, еднаш од 2 до 3 илјади денари а вториот пат за 10 проценти, а договорен бил и регрес на крајот од годината.
-Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе, велат од МЗ.


