Министерството за транспорт ќе купи товарни возила за 2 милиони евра
Министерството за транспорт склучи договор со „Аутомобиле СК“ за набавка на 100 возила во вредност од 2 милиони евра. Според Договорот на Е-набавки, предмет на Договорот е набавка на 90 мали комерцијални возила и на 10 големи комерцијални товарни возила.
Препорачано
„Единечната цена на едно мало комерцијално товарно возило изнесува 1.000.476,56 денари, без ДДВ. ДДВ од 18% во износ од 180.085,78 денари, односно 1.180.562,33 денари со вклучен ДДВ (околу 19.000 евра н.з.). Цена за 90 единици мали комерцијални товарни возила изнесува 90.042.889,96 денари без ДДВ; ДДВ по стапка од 18% е 16.207.720,19 денари, односно 106.250.610,15 денари со пресметан ДДВ.
Единечната цена на едно големо комерцијално товарно возило изнесува 1.402.751,00 денари без ДДВ. ДДВ од 18% во износ 252.495,18 денари, односно 1.655.246,19 денари со вклучен ДДВ. Цена за 10 големи комерцијални товарни возила изнесува 14.027.510,04 без ДДВ, ДДВ во износ 2.524.951,81 денари, односно 16.552.416,85 денари со вклучен ДДВ (околу 27.000 евра н.з)“, пишува во Договорот
Во Договорот е наведено дека вкупната вредност без ДДВ е нешто над 104 милиони денари, или околу 1,7 милиони евра, а со ДДВ е 122,8 милиони денари, или 2 милиони евра.
Рокот на испорака на возилата е 90 дена од потпишувањето на Договорот. Возилата имаат гаранција од 3 години, или поминати 100.000 километри.


