Министерството за спорт целосно ќе го покрие настапот на македонските каратисти на ЕП во Франкфурт
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска оствари средба со македонските каратисти и со раководството на македонската карате репрезентација и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство во Франкфурт, Германија што ќе се одржи од 20 до 24 мај 2026 година.
Препорачано
Министерството за спорт целосно ќе го покрие настапот на нашата А сениорска репрезентација во карате на претстојното Европско првенство во Германија. Со овој чекор јасно се покажува дека Министерството секогаш ќе биде на страната на спортот и целосно ќе го поддржува афирмирањето на А селекциите на највисоките европски и светски натпреварувања.
Македонија во машка конкуренција ќе ја претставуваат Недим Шакири (-60 кг, Ринија), Матеј Белистојаноски (-67 кг, Олимпик спорт), Љупче Михајлов (-75 кг, Штип), Реџеп Рушити (-84 кг, Куштрими) и Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол). Дополнително, за екипниот настап се приклучуваат и Филип Стојанов (Кизаме) и Мурсел Мисини (Башкими).
Во женска конкуренција, репрезентацијата ќе ја претставуваат Ива Пецевска (-50 кг), Михаела Мишовска (-55 кг) и Вероника Костовска (-61 кг) – сите од Олимпик спорт, како и Ера Коџа (-68 кг, Дибра) и Ердона Зибери (+68 кг, Фати). Овие пет натпреварувачки ќе настапат и во екипна конкуренција, додека составот за кати го сочинуваат Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Сара Трпковска од Сансaи Метал Апостолов од Кавадарци и Фунакоши Гичин од Скопје.
Стручниот штаб е предводен од селекторот во кати Стојан Андриевски, селекторот во кумите Александар Кузмановски со неговиот помошник тренер Петар Белистојаноски, физиотерапевт Стефан Ефремов, како и делегат и шеф на делегацијата Бесник Мурати. За регуларноста на натпреварите ќе се грижат и судиите Раде Стефановски, Јетмира Дервиши и Валентина Пурдеска.


