Милошоски бара јавно да се претстават кандидатите за уставни судии

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Кандидатите за уставни судии да имаат можност 20 минути да се обратат пред Комисијата за избори и именувња бидејќи дел ѝ се познати на јавноста, но дел не ги познаваат ни меѓу правната фела, передложи процедурално пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на продолжението на комисиската расправа за избор на тројца уставни судии.

Предлогот е пред да почне расправата и пред гласањето за предлозите за судии ова да биде заеднички предлог на комисијата. Претседателката на комисијата Марија Георгиевска објасни дека нема деловничка обврска Комисијата да ги повикува на интервју кандидатите за уставни судии и дека треба да почне расправата по предлозите. Според претседателката, сите кандидти за судии се познати кај правната фела. Милошоски рече дека предлогот е како добра волја, а не обврска кандидатите да се претстават пред Комисијата и пред јавноста.

Еве јас го предложив кандидатот професорот Саво Климовски и тој би сакал да се претстави пред јавноста. На пример, за некој од кандидатите немам прочитано ниедно дело, додека од Климовски сум прочитал. Не знам зошто некои од кандидатите би се криеле зад својата биографија, рече Милошоски.

Според него, јавното претставување не би требало да биде пречка и само со лично претставување ќе се види кој е истакнат правник.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ го поддржа предлогот на Милошоски кандидатите за уставни судии да се претстават пред јавноста за да нема сомнеж дека ќе се изберат најквалитетните предлози. Таа предложи по збучен ред да расправаат за кандидатите. Стојаноска рече дека нејзин предлог за уставен судија е Тодор Витларов кој нема против да се претстави пред јавноста. Пратеничката изрази сомнеж за мотивите Татјана Васиќ да биде предложена за уставен судија поради наводна афера со ковид тестовите во време на пандемијата. Според Стојановска, добро би било Васиќ лично пред Комисијата да одговори за сомнежите.

На Уставниот суд му фалат четворица судии и тој сега функционира само со пет, што е на работ од потребниот кворум за одржување седници. Поради ваквата ситуација, за дел од предметите не може ни да се носат одлуки бидејќи нема мнозинство гласови.

Предлози за уставни судии се: Љубомир Јовевски, Саво Климовски, Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов, Весна Јовановска и Војислав Димовски.

Не помина предлогот на Милошоски за јавно претставување на кандидатите за уставни судии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот