Милосављев со најдобрата одбрана во ЛШ (ВИДЕО)

Уште во првата година за „црвено-црните“ блесна, Вардар направи вистински потег кога го пронајде наследникот на Штербик.

И официјално на официјалната Фејсбук страница на ЕХФ Лигата на шампионите сега веќе поранешниот голман на македонскиот првак ја има најдобрата одбрана за минатата сезона 2018/19.

Оваа интервенција на српскиот чувар на мрежата беше и еден од клучните моменти во освојувањето на титулата во Келн.

Без сомнение, не само оваа одбрана, уште многу други беа од големо значење на патот кон испишување нова ракометна историја.

Потсетување дека Милосављев од наредната сезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Фуксе Берлин.

Вардар за краток период ја најде неговата замена, односно го ангажираше летонскиот репрезентативен голман Артурс Кугис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот