Милионерка од само 11 години организира забава за пензионирање

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава за „пензионирање“.

Младата претприемачка планира забава на денот на нејзиниот 12-ти роденден со цел да се фокусира на училиштето, откако нејзината мајка Рокси Јаценко ѝ укажала на важноста да се балансира помеѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.

За време на пандемијата, Пикси почнала да продава фиџет спинери, по што заработила неколку милиони долари.
Кертис ја основала компанијата „Пиксис фиџетс“ (Pixie’s Fidgets), со нејзината мајка во 2021 година, и веќе е позната по големиот профит во нејзиниот бизнис.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/roxyjacenko

Девојчето кое е извршен директор на компанијата за играчки „Пиксис фиџетс“ (Pixies Fidgets), сподели видео на Инстаграм во кое ги покажува чантите што ќе им ги подарува на своите гости, секоја полна со основни работи за нега на кожата и сјај за усни во вредност од над 50 долари.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Pixie Curtis

Според “Њуз.ком.ау“ (News.com.au) почнувајќи од 2023 година, 11-годишната милионерка заработува повеќе од 133.000 долари секој месец. Таа повремено го истакнува својот луксузен начин на живот на социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 130.000 луѓе, а откри и дека поседува автомобил „Мерцедес“, иако долго време нема да смее да го вози.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Pixie Curtis

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот