Милијардерот кој патува на Месечината пред банкрот: Распродава вредни уметнички дела

Јусаку Маезава, еден од најбогатите Јапонци и прв турист на Месечината, продава неколку уметнички дела, кои ги поседува, бидејќи останал без пари.

Маезава, директор на онлајн модната продавница Зозо, тоа го соопшти на Твитер.

Кога неговите следбеници го прашаа дали тоа значи дека е пред банкрот, тој одговори: „Да, никогаш немам пари, бидејќи секогаш ги трошам”.

Сликите кои Маезава планира да ги продаде по пат на аукција, вредат милиони, а меѓу нив е и делото на Енди Ворхол.

И покрај таквиот одговор, вистината е дека Маезава не е ниту близу до банкрот, но неговата финансиска состојба е влошена.

Имено, тој изгуби 700 милиони долари во последната една година, и падна од 18 на 22 место на листата на Форбс на најбогати Јапонци.

Инаку, Јусаку Маезава (43) ќе биде првиот кој како турист ќе ја посети Месечината. Летот треба да се реализира до 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот