Миленковски: Странски инвеститор е подготвен да инвестира 18 милиони евра во ФК Вардар

фото: принтскрин/фк вардар

Вонредна прес-конференција одржува фудбалскиот клуб Вардар, која е поделена на три дела и ја запозна јавноста со новитети кои беа соопштени од актуелните луѓе на клубот.

Во својата најава пред овој прес, скопските „црвено-црни“, незадоволни, им го честитаат последното место на табелата во Првата македонска лига, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат на финансиски план, а на кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот.

Најпрвин се зборуваше за инвеститор кој би влегол во ФК Вардар во следните 10 години, а повеќе околу тоа зборуваше еден од водачите на „Комити“, Милорад Миленковски:

– Часот одамна е „5 до 12“. Пресот го почнуваме со едно прашање, како се однесува оваа држава, кога е најавен странски инвеститор кој што е спремен во фудбалскиот клуб Вардар во овој случај, но и општо во државата, да инвестира 18 милиони евра? Тоа е еден вид на најава, за нешто што се случува зад кулисите во овој момент, додека траат сите овие перипетии поврзани со ФК Вардар, додека осамени сме на последното 12 место во Првата македонска лига.

Се работи за една инвестиција, можна, се уште е во фаза на разговори, инвестиција која подразбира покривање на основниот долг кој што ги има ФК Вардар, околу три милиони евра, за што и ги повикавме институциите да ни помогнат околу ова прашање, да ни дадат точен одговор колкав е долгот на клубот. Бидејќи, доколку ние сме тие кои што сме предводници на еден ваков проект кој подразбира странска инвестиција во Македонија, би требало државата да ни пружи ресурси и институционална помош, како што тоа би требало тоа да го прави со сите други инвеститори, домашни или странски, кои се подготвени да инвестираат во нашата земја.

Зошто од 27 и 28 јуни, се уште немаме одговор од барањата посочени кон посочените институции: Управата за јавни приходи, ПУИК и Владата, поточно Секретаријатот на Владата, вклучително и Премиерот – се зборовите на Миленковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот