Миленковски: „Комити“ се 100% газди на клубот, се бара институционално решение за ФК Вардар

фото: ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на прес-конференција ги презентираше најновите информации во контекст на новата сопственичка структура со доминантно поседување на акциите на клубот.

Беа официјални промовирани новите раководни луѓе во спортската структура (од првиот тим до најмладите категории). Официјално, Александар Васоски е новиот тренер на ФК Вардар, а Ѓоко Хаџиевски ќе биде спортски директор на скопските „црвено-црни“.

Еден од првите луѓе на навивачката група „Комити“, Милорад Миленковски изјави дека пред два дена завршени се сите процедури, Здружението 35 години Вардарци зад кое стои навивачката група „Комити“ ја презема и раководната структура, и 100% од акциите на ФК Вардар.

– Јасно ќе се обратиме до инстутициите од кои добивме некои ветувања, дека нашиот дел од работата го завршивме, сега сте вие на потег. Ова не значи дека имаме амбиции да бидеме газди на клубот. Се бара институционално решение за ФК Вардар, не времено, туку трајно решение. Бараме клубот да биде во статутот на Град Скопје и на општините. Апелираме до компаниите кои сакаат да изразат желба да инвестираат во ФК Вардар и биле дел од еден проширен управен одбор со цел нормално функционирање на клубот – вели Миленковски.

Воедно Миленковски додаде дека распределбата на ветените средства од Град Скопје Вардар ќе ги добие, треба да помине уште една седница на советот. Станува збор за сума од десетина милиони денари како помош за Вардар нормално да функционира до декември.

Претставено до јавноста и навивачите беа следните новини:
– Официјализација на промените во сопственичката структура на Вардар, каде Здружението 35 години Вардарци стана времен сопственик на 100% од акциите на ФК Вардар АД.
– Промените во Младинско – пионерската школа на ФК Вардар, со назначување на Легендата Бобан Бабунски за Координатор на МПШ, и тренерите по генерации.
– Упатена беше огромна Благодарност до Легендата Вардарова Бобан Бабунски за сите негови заложби, ангажман, професионализам и срце Вардарово, заедно со легендите Антонио Филевски – Филе и Марјан Герасимовски – Геро, кои му излегоа во пресрет на Вардар во овие тешки денови…
– Воедно беше најавено и враќањето на името на МПШ – Кирил Симоновски Џина.
– Повик до институциите АДССДП (ПУИГ), УЈП, Секретаријат на Влада, Премиер на Македонија, да одговорат на Барањата упатени до нив уште на 28.06.2023г.
– Најава за партнерство и заеднички проект со РК Вардар, кој беше претставуван од легендите Борко Ристевски и Стојанче Стоилов…
– ПОВИК за присуство на Ракометниот спектакл во Сабота во Јане Сандански РК ВАРДАР – Рајн Некар Левен !
– Отстапување на говорницата на специјалните гости на пресот, Доајени на Македонското спортско новинарство Атанас Костовски – Таско и Миодраг Мицковиќ…
Новиот тренер Васоски се надева дека Вардар ќе „заплива“ во подобри води.

– Беше моја морална одговорност да прифатам и да му помогнам на клубот кога му е најтешко. Вардар мене ми даде многу, потоа заминав во Германија, а пред три години бевме шампиони на Македонија, по што следуваше моето заминување поради неиздржливата состојба во клубот. Посакувам и се надевам дека Вардар ќе „заплива“ во подобри води, вчера дојдовме до бод против Силекс што е мал напредок. Се надеваме дека во следниот период ќе се засилиме со уште двајца-тројца играчи. Воедно со Хаџиевски ќе се потрудиме да вложиме со наши контакти од странство, од Србија, од Хрватска, да дојдат фудбалери на позајмица, да помогнат, бидејќи финансиите се тенки – рече Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот