Откако актерот Леонардо Дикаприо неодамна го забележавме како со девојката Камила шета во западниот дел на Холивуд со новиот миленик – хаски, сега гледаме дека тој своето семејство го зголемил за уште едно кученце, исто хаски.
Папараците го сликаа како на песочната плажа во Малибу тој ги шета своите две нови кученца.
Добро е познато дека згодниот Лео сака животни и веќе со години се бори за нивните права, како и за целата природа и против глобалното затоплување.
Како заштита тој носеше маска за лице, а тоа совршено му одговата бидејќи досега сме го гледале во разни обиди за камуфлажа со облека и секакви предмети.