Миленикот на Холивуд сепак има мана: Не можел да го запамети името на филмот, па морале да го сменат

instagram

На почетокот на снимањето, првиот дел од серијалот „Џон Вик“ имал сосема поинакво име.

Првичниот назив на филмот бил „Презир“, што совршено ги отсликува чувствата на главниот јунак, пензионираниот платен убиец кој тргна во освета.

Проблемот бил во тоа што ѕвездата од франшизата – Кијану Ривс постојано филмот го нарекувал „Џон Вик“ наместо „Презир“. На крајот студиото морало да попушти, па го промениле официјалното име на филмот во „Џон Вик“.

Кaко што изјави сценаристот Дерек Колстад, Ривс е единствениот кој е заслужен за промената на називот на филмот.

„Единствената причина зошто филмот е наречен така е тоа што Кијану не можеше да го запамети вистинското име на филмот. Од маркетинг ни рекоа дека тоа е веќе бесплатна реклама во вредност од 4-5 милиони долари, па токму затоа и „Џон Вик“ остана“, изјави Колстад.

Тој додаде и дека промената на насловот веројатно била добра работа, со оглед на тоа што филмот и ликот познати под името Џон Вик сега се составен дел од поп културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот