Милан го „шутна“ и сега е топ стрелец во Премиер лигата!

twitter.com/goal

Младиот англиски напаѓач Теми Абрахам (21) „експлодирашe“ на почетокот од сезоната, постигнувајќи седум голови на шест мечеви во Премиер лигата.

Иако се шпекулираше негово заминување од „Стемфорд бриџ“ после позајмицата во Астон Вила, остана во Челзи и новата шанса ја искористува на најдобар можен начин. Талентираниот напаѓач бил во преговори со Милан, но на „Сан Сиро“ не го сакаа, бидејќи сметаат дека нема доволно искуство да игра во најсилната италијанска лига.

Моментно Абрахам е на второто место на листата најдобри стрелци досега сезонава во Премиер лигата, само еден помалку од Серхио Агуеро, играчот на Манчестер сити.

Абрахам запиша хет-трик во гостинскиот триумф на лондонските „сини“ кај Вулверхемптон, а по два погодоци запиша против Шефилд јунајтед (2:2) и победата над Норич (2:3).

Можеби сега и жали Милан за пропуштената шанса, а таков одличен голгетер добро ќе им дојдеше со оглед на моментната ситуација во Серија А каде што после четири кола се наоѓа дури на 12 позиција со само два постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот