Миколенко: Македонија има добра напаѓачка линија и добри контри

фото: Павла Кубанова

Своите очекувања во пресрет на саботниот дуел против Македонија во квалификациите за ЕП 2024, на прес конференцијата ги сподели селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Сергеј Ребров.

– Мораме да бидеме концентрирани на секој натпревар. Сега ќе играме против Македонија, а ние ќе го дадеме максимумот да дојдеме до трите бода и да ги одржуваме шансите за пласман на Европското првенство. Го анализиравме првиот меч во Скопје, разбираме дека утрешната средба треба да ја започнеме на поинаков начин. Фудбалерите се свесни за ова, мислам дека ќе играат поконцентрирано – рече Ребров.

Мечот во Прага ќе се игра од 15.00 часот на „Епет арената“, а се очекуваат околу 1000 македонски навивачи на трибините.

– Македонија има многу добра напаѓачка линија, и добри се во контрите. Мислам дека ќе се обидат да одиграат како во првиот меч во Скопје. Следниот натпревар е најважен, ако не освојуваме три бода на секој меч, ќе биде тешко за нас – вели украинскиот репрезентативец Витали Миколенко кој игра во делот на одбраната.

Македонија и Украина до сега сретнаа шестпати, единствената победа ја имавме на 31 март 2004 година во пријателски натпревар во Скопје со 1:0. Ремизиравме 0:0 во контролен меч, три загубивме во европски квалификации (0:1, 0:2, 2:3), како и еднаш на Европското првенство 2020 (1:2).

Милевски: Да не бидеме само 60-65 минути фокусирани против Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот